Медитеранска салата со тестенини
Чекори на подготовка
- Во длабок сад додајте ги маслиновото масло,винскиот оцет, каперсите, лукот, босилекот,власецот, магдоносот и добро измешајте за да се соединат сите состојки.
- Потоа зачинете со сол и црн бибер по вкус.
- Чери доматите пресечете ги на половина, а моцарелата на ситни коцки, па додајте ги во претходно подготвениот дресинг за салата.
- Во меѓувреме ставете ги тестенините да се сварат според упатството за подготовка на пакувањето.
- Откако ќе ги процедите тестенините, додајтемалку маслиново масло и оставете ги кратко да се изладат.
- Вака подготвените тестенини може да ги послужите веднаш, така што ќе ги прелиете со претходно подготвениот дресинг за салата или пак да ги чувате во добро затворен сад за складирање во фрижидер1-2 дена.
- По потреба, само прелијте ги со готовиот дресинг кој исто така ќе го чувате во фрижидер и за миг ќе имате совршено подготвена салата од тестенини.
- На здравје!
Намирници
За дресинг:
- 2/3 чаша Brilliant Extra Virgin – ладно цедено маслиново масло
- 4-5 лажици вински оцет
- лажици каперси сушени и сечкани
- 3 ситно сечкани чешниња лук
- 1/3 чаша сечкан свеж босилек
- ¼ чаша сечкан свеж власец
- ¼ чаша сечкан свеж магдонос
- ¼ лажичка морска сол од Витаминка
- ¼ лажичка црн бибер.
За салата од тестенини:
- 2 чаши чери домати сечени на половинки
- 220 г моцарела сечкана на коцки
- 350 г тестенини во форма на машнички или во друг облик по желба
- 3 лажици Brilliant Extra Virgin – ладно цедено маслиново масло.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments