Во длабок сад додајте ги маслиновото масло,винскиот оцет, каперсите, лукот, босилекот,власецот, магдоносот и добро измешајте за да се соединат сите состојки.
Потоа зачинете со сол и црн бибер по вкус.
Чери доматите пресечете ги на половина, а моцарелата на ситни коцки, па додајте ги во претходно подготвениот дресинг за салата.
Во меѓувреме ставете ги тестенините да се сварат според упатството за подготовка на пакувањето.
Откако ќе ги процедите тестенините, додајтемалку маслиново масло и оставете ги кратко да се изладат.
Вака подготвените тестенини може да ги послужите веднаш, така што ќе ги прелиете со претходно подготвениот дресинг за салата или пак да ги чувате во добро затворен сад за складирање во фрижидер1-2 дена.
По потреба, само прелијте ги со готовиот дресинг кој исто така ќе го чувате во фрижидер и за миг ќе имате совршено подготвена салата од тестенини.
На здравје!