Медитерански посни брускети со домати

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: доручек
Тип: посно
Teжина: лесно
Време: 15 - 30 мин.

Медитерански посни брускети со домати

Tastify
подготовка 15 minutes
готвење 15 minutes
порции 2

Чекори на подготовка
 

  • Лебот исечете го на парчиња со дебелина од 1см.
  • Во мал ставете 2 лажици маслиново масло и додајте го лукот во прав. Посолете по вкус.
  • Парчињата леб наредете ги во тава и премачкајте ги со мешавината од масло и лук.
  • Печете ги во загреана рерна на 180 степени за време од 10 минути.
  • Во меѓувреме, исечкајте ги доматите.
  • Притоа отстранете ги семките.
  • Доматите ставете ги во длабок сад и додајте една лажица Брилијант маслиново масло, сечкан босилек, лук во прав, посолете и зачинете со мелен црн бибер.
  • Измешајте ги состојките и оставете ги на страна додека се ладат брускетите.
  • Изладените брускети ставете ги во чинија.
  • Врз нив ставете од смесата со домати и нанесете балсамико крем.
  • Послужете ги веднаш и уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 1 француски или италијански багет (леб)
  • 2-3 лажици Брилијант екстра девствено маслиново масло
  • ¼ до ½ мала лажичка лук во прав или 1-2 чешниња лук
  • 2 домати
  • 5 листови сечкан босилек
  • морска сол и црн бибер од Витаминка по вкус
  • лук во прав
  • балсамико крем од Витаминка.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг