Лебот исечете го на парчиња со дебелина од 1см.
Во мал ставете 2 лажици маслиново масло и додајте го лукот во прав. Посолете по вкус.
Парчињата леб наредете ги во тава и премачкајте ги со мешавината од масло и лук.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени за време од 10 минути.
Во меѓувреме, исечкајте ги доматите.
Притоа отстранете ги семките.
Доматите ставете ги во длабок сад и додајте една лажица Брилијант маслиново масло, сечкан босилек, лук во прав, посолете и зачинете со мелен црн бибер.
Измешајте ги состојките и оставете ги на страна додека се ладат брускетите.
Изладените брускети ставете ги во чинија.
Врз нив ставете од смесата со домати и нанесете балсамико крем.
Послужете ги веднаш и уживајте во светот на вкусовите!