Меки лиснати кифлички со јогурт

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: доручек
Тип: останато
Teжина: средно
Време: над 60 мин.

Меки лиснати кифлички со јогурт

Tastify
подготовка 30 minutes
готвење 1 hour
порции 3

Чекори на подготовка
 

  • Најпрво започнете со подготовка на стартерот.
  • Во поголем сад за месење ставете ги коцките квасец, млаката вода, солта, шеќерот и брашното.
  • Измешајте со помош на лажица.
  • Смесата треба да биде кашеста.
  • Оставете да отстои 10-тина минути.
  • Штом излезат меурчиња и смесата нараснала во волумен може да започнете со додавање на другите состојки за тестото.
  • Дел од брашното измешајте го со прашокот за печиво.
  • Во садот за месење додајте ги јогуртот,Брилијант маслото, јајцата и претходно припременото брашно, па започнете со месење.
  • Брашното додавајте го полека, по потреба додека замесите меко тесто.
  • Откако добро сте го измесиле, оставете го 15-тина минути да одмори, а притоа покријте го со најлонска фолија за да не се формира кора на површината.
  • Кратко премесете го, колку да го префатите неколку пати, а потоа оформете топчиња со големина на портокал или цитрон.
  • Секое од нив, расучете го со помош на оклагија или сукало и премачкајте го со путер или маргарин.
  • Потоа,исечете го од средината кон краевите,да наликува во вид на цвет, а едно од делчињата испланирајте да биде малку поголемо од другите.
  • Секое од делчињата, едно по едно, вртете ги кон средината на тестото и одозгора повторно премачкувајте со путерот или маргаринот.
  • Постапката повторете ја со сите делчиња, а најголемото оставете го последно за најгоре.
  • Најголемото парче не го премачкувајте како останатите,туку употребете го да го „заокружите“во топче тестото.
  • Постапката повторете ја со секое од топчињата и потоа оставете ги околу 15-20 минути да нараснат.
  • По тоа време, започнете со расукување.
  • Расукувајте по истиот редослед како што мачкавте,односно топчето кое прво го намачкавте прво расукајте го за подготовка на кифличките.
  • Формата на расуканото тесто треба да биде кружна,а зависно од тоа колкави сакате да ви бидат кифличките, потоа сечете го на половина, па на четвртини, па на осмини,а ако сакате и помали извадете 12 „триаголници“ од кружното тесто.
  • Секој од добиените „триаголници“ завиткајтего во кифличка.
  • Постапката повторувајте ја додека го потрошите целото тесто.
  • Не мора, а по желба, може да ставите фил.
  • Ние ви приготвивме кифлички со фил од сирење и кифлички со пица фил.
  • Како и да изберите, вкусот е гарантирано добар и нема да згрешите.
  • Направените кифлички ставете ги во тавата за печење,која може да ја обложите со хартија за печење или да ја намачкате со Брилијант масло.
  • Наредените кифлички во тавата за печење треба да стојат барем додека ја дуплираат својата големина.
  • Откако нараснале, се премачкуваат со изматеното јајце, но внимателно и нежно, па се поросуваат со сусам или сусам и ориганоако се одлучите за пица фил.
  • По тоа може да ги препознавате во кои каков фил сте ставиле и во случај ако ги печете во ист плех.
  • Печете во претходно загреана рерна на 250 степени,додека заруменат и добијат златно кафеава нијанса, како на фотографијата.
  • Кога ќе ги извадите од рерна, оставете ги во плехот или тавата во која се печеле за да се изладат, а при тоа, покријте ги со кујнска крпа.
  • Ќе бидат меки внатре, а кората крцкава и лисната.
  • На здравје!

Намирници
  

За стартер:

  • 2 коцки квасец
  • 200 мл млака вода
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол
  • 3-5 лажици брашно.

За тесто:

  • 1 л јогурт
  • 180 мл Брилијант масло
  • 2 јајца
  • 1 ќесичка прашок за печиво од Витаминка
  • околу 2 кг брашно, по потреба

За премачкување на тесто:

  • 250 г путер или маргарин

За фил:

  • Фил1: дробено сирење по потреба
  • Фил2: Пица фил по потреба (рендана шунка и кашкавал/сирење, пица кечап од Витаминка,оригано)

За премачкување и поросување на кифлички:

  • 1-2 јајца по потреба
  • сусам по потреба.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг