Најпрво започнете со подготовка на стартерот.
Во поголем сад за месење ставете ги коцките квасец, млаката вода, солта, шеќерот и брашното.
Измешајте со помош на лажица.
Смесата треба да биде кашеста.
Оставете да отстои 10-тина минути.
Штом излезат меурчиња и смесата нараснала во волумен може да започнете со додавање на другите состојки за тестото.
Дел од брашното измешајте го со прашокот за печиво.
Во садот за месење додајте ги јогуртот,Брилијант маслото, јајцата и претходно припременото брашно, па започнете со месење.
Брашното додавајте го полека, по потреба додека замесите меко тесто.
Откако добро сте го измесиле, оставете го 15-тина минути да одмори, а притоа покријте го со најлонска фолија за да не се формира кора на површината.
Кратко премесете го, колку да го префатите неколку пати, а потоа оформете топчиња со големина на портокал или цитрон.
Секое од нив, расучете го со помош на оклагија или сукало и премачкајте го со путер или маргарин.
Потоа,исечете го од средината кон краевите,да наликува во вид на цвет, а едно од делчињата испланирајте да биде малку поголемо од другите.
Секое од делчињата, едно по едно, вртете ги кон средината на тестото и одозгора повторно премачкувајте со путерот или маргаринот.
Постапката повторете ја со сите делчиња, а најголемото оставете го последно за најгоре.
Најголемото парче не го премачкувајте како останатите,туку употребете го да го „заокружите“во топче тестото.
Постапката повторете ја со секое од топчињата и потоа оставете ги околу 15-20 минути да нараснат.
По тоа време, започнете со расукување.
Расукувајте по истиот редослед како што мачкавте,односно топчето кое прво го намачкавте прво расукајте го за подготовка на кифличките.
Формата на расуканото тесто треба да биде кружна,а зависно од тоа колкави сакате да ви бидат кифличките, потоа сечете го на половина, па на четвртини, па на осмини,а ако сакате и помали извадете 12 „триаголници“ од кружното тесто.
Секој од добиените „триаголници“ завиткајтего во кифличка.
Постапката повторувајте ја додека го потрошите целото тесто.
Не мора, а по желба, може да ставите фил.
Ние ви приготвивме кифлички со фил од сирење и кифлички со пица фил.
Како и да изберите, вкусот е гарантирано добар и нема да згрешите.
Направените кифлички ставете ги во тавата за печење,која може да ја обложите со хартија за печење или да ја намачкате со Брилијант масло.
Наредените кифлички во тавата за печење треба да стојат барем додека ја дуплираат својата големина.
Откако нараснале, се премачкуваат со изматеното јајце, но внимателно и нежно, па се поросуваат со сусам или сусам и ориганоако се одлучите за пица фил.
По тоа може да ги препознавате во кои каков фил сте ставиле и во случај ако ги печете во ист плех.
Печете во претходно загреана рерна на 250 степени,додека заруменат и добијат златно кафеава нијанса, како на фотографијата.
Кога ќе ги извадите од рерна, оставете ги во плехот или тавата во која се печеле за да се изладат, а при тоа, покријте ги со кујнска крпа.
Ќе бидат меки внатре, а кората крцкава и лисната.
На здравје!