Мисиркини медаљони во кремаст сос

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: ручек
Тип: останато
Teжина: тешко
Време: 30 - 60 мин.

Мисиркини медаљони во кремаст сос

Tastify
подготовка 15 minutes
готвење 30 minutes
порции 4

Чекори на подготовка
 

  • Рерната приклучете ја да се загрева на температура од 250 степени.
  • Мисиркините медаљони исечете ги на коцки со големина1.5*1.5 см.
  • Ставете ги во сад и додајте ги млекото и мешаниот зачин.
  • Тавата ставете ја во загреаната рерна.
  • Печете 5-10 минути.
  • Неутралната павлака ставете ја во длабок сад и додајте пилешката крем супа.
  • Измешајте и додајте вода и мелен црн бибер.
  • Смесата додајте ја во тавата со медаљоните.
  • Измешајте и намалете ја температурата на 200 степени.
  • Печете за време од 30-40 минути додека месото омекне.
  • За време на печењето, повремено мешајте ги медаљоните.
  • Штом месото омекне, извадете ја тавата и оставете ја кратко да се излади.
  • Во 4 чинии ставете ги варените тестенини.
  • Додајте од мисикините медаљони и сосот.
  • Послужете додека се топли со листови свежо нане.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 400 г мисиркини медаљони
  • 100 мл млеко
  • ½ мала лажичка Дафинка мешан зачин
  • ½ до 1/3 ќесичка крем пилешка супа од Витаминка
  • 300 мл неутрална павлака
  • 100 мл вода
  • мелен црн бибер од Витаминка
  • 400 г варени таљатели или други тестенини по избор.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг