Рерната приклучете ја да се загрева на температура од 250 степени.
Мисиркините медаљони исечете ги на коцки со големина1.5*1.5 см.
Ставете ги во сад и додајте ги млекото и мешаниот зачин.
Тавата ставете ја во загреаната рерна.
Печете 5-10 минути.
Неутралната павлака ставете ја во длабок сад и додајте пилешката крем супа.
Измешајте и додајте вода и мелен црн бибер.
Смесата додајте ја во тавата со медаљоните.
Измешајте и намалете ја температурата на 200 степени.
Печете за време од 30-40 минути додека месото омекне.
За време на печењето, повремено мешајте ги медаљоните.
Штом месото омекне, извадете ја тавата и оставете ја кратко да се излади.
Во 4 чинии ставете ги варените тестенини.
Додајте од мисикините медаљони и сосот.
Послужете додека се топли со листови свежо нане.
Уживајте во светот на вкусовите!