Најдобриот рецепт за шеф салата
Чекори на подготовка
- Јајцата ставете ги да се варат.
- Парчињата леб премачкајте ги со маслиново масло,поросете ги со морска сол и зачинете ги со оригано.
- Испечете ги во тостер или во рерна.
- Печените лепчиња оставете ги да изладат, а потоа исечете ги на коцки.
- Марулата измијте ја и исечкајте ја.
- Краставиците исечете ги на кругови.
- Доматите пресечете ги на половина, а потоа исечкајте ги на ленти.
- Саламата и кашкавалот исечкајте ги на коцки со големина 7*7 мм.
- Варените јајца излупете ги и исечете ги на половина.
- Во 4 чинии ставете ја марулката, а врз неа распоредете ги краставиците, шунката,кашкавалот, доматите, јајцата и печените коцки од леб.
- Во мал длабок сад ставете ги павлаката,Витанезот, кечапот, маслиновото масло и сокот од лимон.
- Измешајте ги и зачинете ги со оригано, сол и мелен црн пипер по вкус.
- Готовата шеф салата послужете ја со сосот.
- Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Намирници
- 1 марула
- 4 јајца
- 2 краставици
- 4 домати
- 200 г шункова салама
- 200 г кашкавал
- 4 парчиња леб
- 6 лажици Brilliant Extra Virgin, ладно цедено маслиново масло. оригано,морска сол и мелен црн бибер од Витаминка.
- За сос (дресинг):
- 4 лажици кисела павлака
- 2 лажица Витанез
- 2 лажица кечап
- 2 лажица Brilliant Extra Virgin, ладно цедено маслиново масло од Витаминка
- 1 лажица свежо цеден сок од лимон
- оригано,морска сол и мелен црн бибер.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments