Јајцата ставете ги да се варат.
Парчињата леб премачкајте ги со маслиново масло,поросете ги со морска сол и зачинете ги со оригано.
Испечете ги во тостер или во рерна.
Печените лепчиња оставете ги да изладат, а потоа исечете ги на коцки.
Марулата измијте ја и исечкајте ја.
Краставиците исечете ги на кругови.
Доматите пресечете ги на половина, а потоа исечкајте ги на ленти.
Саламата и кашкавалот исечкајте ги на коцки со големина 7*7 мм.
Варените јајца излупете ги и исечете ги на половина.
Во 4 чинии ставете ја марулката, а врз неа распоредете ги краставиците, шунката,кашкавалот, доматите, јајцата и печените коцки од леб.
Во мал длабок сад ставете ги павлаката,Витанезот, кечапот, маслиновото масло и сокот од лимон.
Измешајте ги и зачинете ги со оригано, сол и мелен црн пипер по вкус.
Готовата шеф салата послужете ја со сосот.
Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!