Највкусниот рецепт за баба гануш – намаз од модри патлиџани

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: доручек
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 30 - 60 мин.

Највкусниот рецепт за баба гануш – намаз од модри патлиџани

Tastify
подготовка 15 minutes
готвење 20 minutes
порции 4

Чекори на подготовка
 

  • Рерната загрејте ја на 250 степени.
  • Модрите патлиџани измијте ги, избришете ги, а потоа избоцкајте ги со виљушка на 7-8 места, за подобро да се печат.
  • Печете ги по 2 минути на најсилна температура,од секоја страна, тоа ќе им даде посебно добар вкус, а потоа намалете ја рерната на 180 и печете ги уште 25-30 минути без вртење.
  • 10-15 минути откако се испекле, излупете ги и испасирајте ги со виљушка или алатка за тоа.
  • Ако има вишок течност, ова е моментот да ја отстраните.
  • Потоа во садот додајте ги и таанот, лимоновиот сок, ситно сечканите лук и магдонос,мелениот ким и солта, и на крај, екстра девственото маслиново масло.
  • Убаво измешајте, а ако сакате да е мазно како намаз или сос, искористете и блендер.
  • Вака приготвен баба гануш може да се чува во затворен сад во фрижидер до 5 дена, а за сервирање топла препорака да користите магдонос и маслиново масло.
  • На здравје!

Намирници
  

  • 2 средно големи модри патлиџани (околу 900 грама)
  • 1/4 чаша(60 мл) таан
  • 1/4 чаша(60 мл) свежо цеден сок од лимон
  • 3-4 чешниња лук, ситно сечкан
  • 1/4 лажиче мелен ким
  • 1/4 лажица крупна морска сол од Витаминка по вкус
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 2-3 лажици Брилијант екстра девствено маслиново масло од Витаминка.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг