Рерната загрејте ја на 250 степени.
Модрите патлиџани измијте ги, избришете ги, а потоа избоцкајте ги со виљушка на 7-8 места, за подобро да се печат.
Печете ги по 2 минути на најсилна температура,од секоја страна, тоа ќе им даде посебно добар вкус, а потоа намалете ја рерната на 180 и печете ги уште 25-30 минути без вртење.
10-15 минути откако се испекле, излупете ги и испасирајте ги со виљушка или алатка за тоа.
Ако има вишок течност, ова е моментот да ја отстраните.
Потоа во садот додајте ги и таанот, лимоновиот сок, ситно сечканите лук и магдонос,мелениот ким и солта, и на крај, екстра девственото маслиново масло.
Убаво измешајте, а ако сакате да е мазно како намаз или сос, искористете и блендер.
Вака приготвен баба гануш може да се чува во затворен сад во фрижидер до 5 дена, а за сервирање топла препорака да користите магдонос и маслиново масло.
На здравје!