Печен помфрит од компири и тиквички на лесен начин

by | Ное 2, 2022 | 2 comments

 

Дел од денот: вечера
Тип: останато
Teжина: средно
Време: 30 - 60 мин.

Печен помфрит од компири и тиквички на лесен начин

Tastify
подготовка 15 minutes
готвење 20 minutes
порции 4

Чекори на подготовка
 

  • Компирите и тиквичките измијте ги и излупете ги, па исечкајте ги на парчиња со слична големина и ширина.
  • За од тиквичката да добиете парчиња кои личат на помфрит, најлесно е ако прво ја пресечете на 3 парчиња по нејзината должина, а потоа од секое од нив извадете кришки слични на оние кои се добиваат при сечењето на компирите.
  • Исечете ги сите по должина и ќе имате слични парчиња.
  • Ова е важно заради печењето, бидејќи одат во иста тава/плех и треба подеднакво да се зготват и двата зеленчуци за истото време.
  • Рерната загрејте ја на 250 степени.
  • Во меѓувреме, на хартија ставете ги парчињата во плехот, на едната половина компирите, а на другата тиквичката.
  • Потурете Брилијант масло одозгора и зачинете со зачинот за помфрит.
  • По желба додајте и малку од мешавината од зачини со сол.
  • Измешајте.
  • Печете 30 до 40 минути или додека помфритот добие убава боја.
  • Сосот се подготвува претерано лесно.
  • Измијте го и исечкајте го магдоносот.
  • За најдобар ефект, пред да го сечкате,исушете го со кујнска хартија.
  • Во сад ставете го магдоносот и останатите состојки за сосот.
  • Зачинете по вкус со предложените зачини во листата и измешајте.
  • Декорирајте со малку црн бибер одозгора, сервирајте и на здравје.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • За помфрит:
  • 4-5 средно големи компири
  • 1 поголема тиквичка
  • Брилијант масло по потреба
  • Зачин за помфрит од Витаминка по потреба.
  • За сос:
  • 250 г павлака
  • Мешавина од зачини (црн, бел, црвен пипер и морска сол) по вкус од Витаминка
  • 1 лажица Брилијант масло
  • 4 полни лажци ситно сечкан магдонос
  • 1 лажица кечап од Витаминка
  • Црн бибер од Витаминка.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

2 коментари

  1. Jone Klenko

    Vkusno

    Reply
  2. Спасенка

    5 stars
    По мој вкус

    Reply

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг