Компирите и тиквичките измијте ги и излупете ги, па исечкајте ги на парчиња со слична големина и ширина.
За од тиквичката да добиете парчиња кои личат на помфрит, најлесно е ако прво ја пресечете на 3 парчиња по нејзината должина, а потоа од секое од нив извадете кришки слични на оние кои се добиваат при сечењето на компирите.
Исечете ги сите по должина и ќе имате слични парчиња.
Ова е важно заради печењето, бидејќи одат во иста тава/плех и треба подеднакво да се зготват и двата зеленчуци за истото време.
Рерната загрејте ја на 250 степени.
Во меѓувреме, на хартија ставете ги парчињата во плехот, на едната половина компирите, а на другата тиквичката.
Потурете Брилијант масло одозгора и зачинете со зачинот за помфрит.
По желба додајте и малку од мешавината од зачини со сол.
Измешајте.
Печете 30 до 40 минути или додека помфритот добие убава боја.
Сосот се подготвува претерано лесно.
Измијте го и исечкајте го магдоносот.
За најдобар ефект, пред да го сечкате,исушете го со кујнска хартија.
Во сад ставете го магдоносот и останатите состојки за сосот.
Зачинете по вкус со предложените зачини во листата и измешајте.
Декорирајте со малку црн бибер одозгора, сервирајте и на здравје.
Уживајте во светот на вкусовите!