Печени полнети шампињони

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: ручек
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 15 - 30 мин.

Печени полнети шампињони

Tastify
Печурките се една од намирниците кои според многумина се одлични во секоја можна комбинација. Денес ви предлагаме да направите печени полнети шампињони. И тоа не било какви, туку со совршен фил. Лесно се прават и воодушевуваат со нивниот вкус!
Овие печени полнети шампињони можат да бидат одличен додаток на вашата чинија со месо или пак да заменат некој од стандардните прилози кога сакаме да пробаме нешто ново. Потребни ви се само неколку едноставни состојки, па не пропуштајте да ги пробате!
подготовка 20 minutes
готвење 20 minutes
порции 4

Чекори на подготовка
 

  • Исчистете ги стебленцата и внимателно отстранете ги.
  • Стебленцата ситно исечкајте ги и ставете ги во посебен сад.
  • Печурките наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
  • Кромидот, лукот и шунката ситно исечкајте ги.
  • Во тава со претходно загреано Брилијант маслиново масло ставете ги сечканиот кромид и лук.
  • Пропржете ги, а потоа додајте ги шунката и и сечканите стебла од печурките.
  • Продолжете со пржењето околу 10 минути, а потоа зачинете со Дафинка, сув магдонос и оставете смесата да се излади.
  • Во изладената смеса додајте сирење исечкано на коцки, павлаката, јајцет ои измешајте.
  • Со подготвената смеса наполнете ги печурките.
  • Врз нив изрендајте сирење или кашкавал и ставете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
  • Готовите печурки декорирајте ги со свежа мајчина душица и послужете ги како предјадење, гарнир или вкусно мезе за пријателите.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 350 г шампињони
  • 100 г шунка
  • 50 г сирење
  • лажица павлака со 20% мм
  • 1 јајце
  • половина главица кромид
  • 1 чешне лук
  • сув магдонос
  • 1 лажичка Дафинка (мешан зачин)
  • Брилијант маслиново помас масло за пржење.

За декорација:

  • мајчина душица или друг зачин по желба.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг