Исчистете ги стебленцата и внимателно отстранете ги.
Стебленцата ситно исечкајте ги и ставете ги во посебен сад.
Печурките наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
Кромидот, лукот и шунката ситно исечкајте ги.
Во тава со претходно загреано Брилијант маслиново масло ставете ги сечканиот кромид и лук.
Пропржете ги, а потоа додајте ги шунката и и сечканите стебла од печурките.
Продолжете со пржењето околу 10 минути, а потоа зачинете со Дафинка, сув магдонос и оставете смесата да се излади.
Во изладената смеса додајте сирење исечкано на коцки, павлаката, јајцет ои измешајте.
Со подготвената смеса наполнете ги печурките.
Врз нив изрендајте сирење или кашкавал и ставете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Готовите печурки декорирајте ги со свежа мајчина душица и послужете ги како предјадење, гарнир или вкусно мезе за пријателите.
Уживајте во светот на вкусовите!