Печено сирење со рузмарин и лук

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: вечера
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 15 - 30 мин.

Печено сирење со рузмарин и лук

Tastify
подготовка 10 minutes
готвење 10 minutes
порции 1

Чекори на подготовка
 

  • Вклучете ја рерната да загрева на 180ºС.
  • Сирењето оставете го во кутијата и направете вдлабнатина во средината.
  • Чешнето лук исчистете го и исечкајте го.
  • Ставете го во средината на сирењето и додајте малку свеж рузмарин.
  • Вака подготвеното сирење наросете го сомалку Брилијант маслиново помас масло,а потоа ставете го во загреана рерна да се печи за време од 15 до 20 минути.
  • Лебот исечете го на коцки.
  • Парчињата леб наредете ги на исчистени стапчиња рузмарин (како ражничи) и наросете ги со маслиново масло и морска сол.
  • Наредете ги во тава и ставете ги да се печат заедно со сирењето.
  • Сувата брусница и оревите ситно исечкајте ги и ставете ги во посебен сад.
  • Откако ражничите од леб и сирењето ќе добијат златно-жолта боја извадете ги од рерната и послужете ги на даска.
  • Секој залак од ражничите потопете го во сирењето, па во миксот од сечканата брусница и ореви.
  • На здравје!

Намирници
  

  • 250 г Камембер
  • 1 чешне лук
  • неколку гранчиња свеж рузмарин
  • Брилијант маслиново помас масло
  • парчиња леб
  • 1 мала лажичка морска сол од Витаминка
  • сува брусница
  • ореви.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг