Вклучете ја рерната да загрева на 180ºС.
Сирењето оставете го во кутијата и направете вдлабнатина во средината.
Чешнето лук исчистете го и исечкајте го.
Ставете го во средината на сирењето и додајте малку свеж рузмарин.
Вака подготвеното сирење наросете го сомалку Брилијант маслиново помас масло,а потоа ставете го во загреана рерна да се печи за време од 15 до 20 минути.
Лебот исечете го на коцки.
Парчињата леб наредете ги на исчистени стапчиња рузмарин (како ражничи) и наросете ги со маслиново масло и морска сол.
Наредете ги во тава и ставете ги да се печат заедно со сирењето.
Сувата брусница и оревите ситно исечкајте ги и ставете ги во посебен сад.
Откако ражничите од леб и сирењето ќе добијат златно-жолта боја извадете ги од рерната и послужете ги на даска.
Секој залак од ражничите потопете го во сирењето, па во миксот од сечканата брусница и ореви.
На здравје!