Пилешко со печурки во кари сос
Чекори на подготовка
- Пилешкиот стек исечете го на коцки.
- Во тенџере ставете 2 лажици маслиново помас масло да се загрее.
- Во загреаното масло додајте го стекот.
- Пропржете го со повремено мешање.
- Штом забележите течност во тенџерето, покријте со капак и оставете го месото да се динстува на потивок оган околу 10 минути.
- Потоа додајте ги маринираните шампињони и 200 мл вода.
- Покријте го тенџерето со капак и продолжете со варењето околу 10 минути додека месото омекни.
- Во тенџере ставете една лажица маслиново помас масло.
- Штом маслото се загрее додајте го брашното и промешајте со жица за матење.
- Кратко пропржете и додајте 400 мл вода.
- Штом смесата зоврие додајте ги пилешкото месо и шампињоните заедно со течноста,неутралната павлака и кари зачинот.
- Посолете по вкус и зачинете со мелен црн пипер.
- Продолжете со варењето 3-5 минути со покриен капак.
- Готовото пилешко со печурки во кари сос послужетего со варен ориз.
- Уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 500 г пилешки стек
- 3 лажици Брилијант маслиново помас масло од Витаминка
- 100 г маринирани сечкани шампињони
- 2 лажици брашно
- 600 мл вода
- 200 г неутрална павлака
- 1 лажица кари од Витаминка
- морска сол и мелен црн пипер по вкус.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments