Пилешкиот стек исечете го на коцки.
Во тенџере ставете 2 лажици маслиново помас масло да се загрее.
Во загреаното масло додајте го стекот.
Пропржете го со повремено мешање.
Штом забележите течност во тенџерето, покријте со капак и оставете го месото да се динстува на потивок оган околу 10 минути.
Потоа додајте ги маринираните шампињони и 200 мл вода.
Покријте го тенџерето со капак и продолжете со варењето околу 10 минути додека месото омекни.
Во тенџере ставете една лажица маслиново помас масло.
Штом маслото се загрее додајте го брашното и промешајте со жица за матење.
Кратко пропржете и додајте 400 мл вода.
Штом смесата зоврие додајте ги пилешкото месо и шампињоните заедно со течноста,неутралната павлака и кари зачинот.
Посолете по вкус и зачинете со мелен црн пипер.
Продолжете со варењето 3-5 минути со покриен капак.
Готовото пилешко со печурки во кари сос послужетего со варен ориз.
Уживајте во светот на вкусовите!