Пита од тиквички
Чекори на подготовка
- Тиквичките излупете ги и исечете ги на тенки кругови.
- Кромидот исечкајте го на ситни парчиња.
- Сирењето изрендајте го и оставете го во посебен сад.
- Во подлабок сад со виљушка убаво изматете ги јајцата.
- Додајте ги брашното, Брилијант маслото и прашокот за печиво.
- Убаво измешајте.
- Потоа, додајте ги пармезанот, чедар сирење и кромидот.
- Посолете по вкус, додајте црн бибер и повторно убаво измешајте, за да се соединат состојките а потоа додајте ги и тиквичките и кромидот.
- Подготвената смеса ставете ја во тава за печење,претходно премачкана со малку масло.
- Од горе додајте ги сечканите чери домати.
- Печете ја питата во загреана рерна на 180 степениза време од 40-45 минути.
- Кога питата ќе добие убава златно-кафеава боја, извадете ја од рерната и оставете ја да се излади.
- Питата од тиквички исечете ја на парчиња и декорирајте ја со чери домати, рендан кашкавал и листови босилек по желба.
- Уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 2 тиквички
- 1 мала главица кромид или млад кромид по избор
- 1 чаша брашно (по желба може да користите интегрално или мешавина)
- ½ ќесичка прашок за печиво од Витаминка
- ½ чаша Брилијант масло
- 4 јајца
- ¼– ½ чаша пармезан
- ½ до 1 чаша Чедар сирење или кашкавал по избор
- сол и црн бибер по вкус.
- чери домати по желба.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments