Тиквичките излупете ги и исечете ги на тенки кругови.
Кромидот исечкајте го на ситни парчиња.
Сирењето изрендајте го и оставете го во посебен сад.
Во подлабок сад со виљушка убаво изматете ги јајцата.
Додајте ги брашното, Брилијант маслото и прашокот за печиво.
Убаво измешајте.
Потоа, додајте ги пармезанот, чедар сирење и кромидот.
Посолете по вкус, додајте црн бибер и повторно убаво измешајте, за да се соединат состојките а потоа додајте ги и тиквичките и кромидот.
Подготвената смеса ставете ја во тава за печење,претходно премачкана со малку масло.
Од горе додајте ги сечканите чери домати.
Печете ја питата во загреана рерна на 180 степениза време од 40-45 минути.
Кога питата ќе добие убава златно-кафеава боја, извадете ја од рерната и оставете ја да се излади.
Питата од тиквички исечете ја на парчиња и декорирајте ја со чери домати, рендан кашкавал и листови босилек по желба.
Уживајте во светот на вкусовите!