Похувано пилешко во пиво
Чекори на подготовка
- Најпрво во сад ставете ги јајцата и изматете ги.
- Потоа додајте ги прво пивото а потоа и брашното.
- Посолете по вкус и измешајте.
- Смесата оставете ја да отстои додека да го подготвите пилешкото месо.
- Пилешкиот стек наједноставно е да го исечете на ленти.
- Потоа лентите месо посолете ги и зачинете ги со сол, мелен црн бибер и кари по вкус.
- Така посолените ленти месо потопете ги во смесата со пиво и ставете ги да се пржат на претходно загреано масло.
- Месото пржете го додека да добие златно кафеава боја а потоа извадете го од тавата иставете го во сад обложен со хартија.
- Уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 350 г пилешки стек
- 2 јајца
- 140 г брашно
- 200 мл пиво
- морска сол од Витаминка по желба,
- меленцрн бибер од Витаминка по желба
- кари зачин од Витаминка по желба.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments