Најпрво во сад ставете ги јајцата и изматете ги.
Потоа додајте ги прво пивото а потоа и брашното.
Посолете по вкус и измешајте.
Смесата оставете ја да отстои додека да го подготвите пилешкото месо.
Пилешкиот стек наједноставно е да го исечете на ленти.
Потоа лентите месо посолете ги и зачинете ги со сол, мелен црн бибер и кари по вкус.
Така посолените ленти месо потопете ги во смесата со пиво и ставете ги да се пржат на претходно загреано масло.
Месото пржете го додека да добие златно кафеава боја а потоа извадете го од тавата иставете го во сад обложен со хартија.
Уживајте во светот на вкусовите!