Полнети јајца со фил во три вкусови

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: доручек
Тип: останато
Teжина: средно
Време: 15 - 30 мин.

Полнети јајца со фил во три вкусови

Tastify
подготовка 15 minutes
готвење 15 minutes
порции 10

Чекори на подготовка
 

  • Јајцата сварете ги, оставете ги кратко да се изладат, а потоа излупете ги.
  • Пресечете ги на половина и одвојте ги жолчките од белките.
  • Жолчките ставете ги во мал сад и испасирајте ги со виљушка.
  • Потоа додајте ги во сечко, кујнски процесор или блендер.
  • Во садот со жолчките додајте го Витанезоти сенфот.
  • Кратко изблендирајте за да добиете хомогенасмеса.
  • Смесата поделете ја на три дела.
  • Авокадото излупете го и додајте го во сечкото.
  • Додајте една третина од филот со жолчки.
  • Изблендирајте кратко.
  • По желба посолете со морска сол.
  • Филот ставете го во мал длабок сад.
  • Парчињата цвекло ставете ги во сечкото.
  • Кратко изблендирајте, а потоа додајте третина од филот со жолчки.
  • Повторно кратко изблендирајте.
  • Филот со цвекло ставете го во друг мал длабок сад.
  • Белките наредете ги во чинија за сервирање.
  • Со помош на мала лажичка или готварски шприц наполнете ги белките.
  • Декорирајте со свежо нане, магдонос или црвена пипер по избор.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 5 варени јајца
  • 50 мл Витанез (една мала ќесичка)
  • 1 лажица сенф од Витаминка
  • 30 50 г цвекло од тегла
  • ½ авокадо
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг