Јајцата сварете ги, оставете ги кратко да се изладат, а потоа излупете ги.
Пресечете ги на половина и одвојте ги жолчките од белките.
Жолчките ставете ги во мал сад и испасирајте ги со виљушка.
Потоа додајте ги во сечко, кујнски процесор или блендер.
Во садот со жолчките додајте го Витанезоти сенфот.
Кратко изблендирајте за да добиете хомогенасмеса.
Смесата поделете ја на три дела.
Авокадото излупете го и додајте го во сечкото.
Додајте една третина од филот со жолчки.
Изблендирајте кратко.
По желба посолете со морска сол.
Филот ставете го во мал длабок сад.
Парчињата цвекло ставете ги во сечкото.
Кратко изблендирајте, а потоа додајте третина од филот со жолчки.
Повторно кратко изблендирајте.
Филот со цвекло ставете го во друг мал длабок сад.
Белките наредете ги во чинија за сервирање.
Со помош на мала лажичка или готварски шприц наполнете ги белките.
Декорирајте со свежо нане, магдонос или црвена пипер по избор.
Уживајте во светот на вкусовите!