Посна фокача со маслинки, чери домати и рузмарин
Чекори на подготовка
- Во сад за месење ставете ги квасецот,шеќерот и млаката вода.
- Садот ставете го на топло место околу 5 -10минути за да се активира квасецот.
- Додајте ги брашното, маслиновото масло и солта,и со помош на миксер на средна брзина миксирајте го тестото околу 5 минути.
- Доколку немате миксер, измесете го со рацете.
- Доколку тестото е лепливо, додајте уште ¼ чаша брашно.
- Вака подготвеното тесто извадете го од садот и со помош на раце оформете топка.
- Садот премачкајте го со маслиново масло ивратете го оформеното тесто.
- Покријте го со влажна крпа и оставете го на топло место за да нарасне околу 45-60 минути или додека го дуплира својот волумен.
- Нараснатото тесто ставете го на добро набрашнета работна површина и развлечето го во круг со дебелина од 1, 5 см.
- Тестото повторно покријте го со влажна крпа и оставете го уште 20 минути.
- Потоа префрлете го во плех обложен со хартија за печење и со помош на прстите направете вдлабнатини по целата негова површина.
- Прелијте го со 1-2 лажици маслиново масло и посипете го со свежи гранчиња рузмарин и морска сол.
- Доматите и маслинките исечете ги на тенки листови и наредете ги врз вака подготвената фокача.
- Печете ја во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или додека порумени.
- Печената фокача премачкајте ја со маслиново масло и послужете ја додека е топла.
- На здравје и уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 1 1/3 чаша млака вода
- 2 лажички шеќер или мед
- 1 ќесичка сув квасец
- 3 ½ чаши брашно
- ¼ чаша Брилијант маслиново помас масло од Витаминка
- 2 лажички морска сол.
За прелив:
- 2 гранчиња свеж рузмарин
- морска сол од Витаминка
- Брилијант маслиново помас масло.
За гарнирање:
- чери домати
- црни маслинки.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments