Во сад за месење ставете ги квасецот,шеќерот и млаката вода.
Садот ставете го на топло место околу 5 -10минути за да се активира квасецот.
Додајте ги брашното, маслиновото масло и солта,и со помош на миксер на средна брзина миксирајте го тестото околу 5 минути.
Доколку немате миксер, измесете го со рацете.
Доколку тестото е лепливо, додајте уште ¼ чаша брашно.
Вака подготвеното тесто извадете го од садот и со помош на раце оформете топка.
Садот премачкајте го со маслиново масло ивратете го оформеното тесто.
Покријте го со влажна крпа и оставете го на топло место за да нарасне околу 45-60 минути или додека го дуплира својот волумен.
Нараснатото тесто ставете го на добро набрашнета работна површина и развлечето го во круг со дебелина од 1, 5 см.
Тестото повторно покријте го со влажна крпа и оставете го уште 20 минути.
Потоа префрлете го во плех обложен со хартија за печење и со помош на прстите направете вдлабнатини по целата негова површина.
Прелијте го со 1-2 лажици маслиново масло и посипете го со свежи гранчиња рузмарин и морска сол.
Доматите и маслинките исечете ги на тенки листови и наредете ги врз вака подготвената фокача.
Печете ја во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или додека порумени.
Печената фокача премачкајте ја со маслиново масло и послужете ја додека е топла.
На здравје и уживајте во светот на вкусовите!