Посна овошна торта без печење

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

Дел од денот: ручек
Тип: веган, посно
Teжина: лесно
Време: 15 - 30 мин.

Посна овошна торта без печење

Tastify
Совет плус: Ако количината сок од праски е мала, додајте малку вода.
подготовка 40 minutes
порции 15 парчиња

Чекори на подготовка
 

  • Во тенџере на оган ставете 500 мл вода да се вари.
  • Пудинзите измешајте ги со шеќерот и додајте 100 мл вода.
  • Измешајте за да се растопи шеќерот.
  • Во зовриената вода додајте ги пудинзите,мешајте со жица за матење и варете 2-3минути.
  • Кремот тргнете го од огнот и оставете го да се излади.
  • Праските исечкајте ги на мали коцки, а сокот ставете го во чинија.
  • Бананите исечкајте ги на кругови.
  • Шлаг пената ставете ја во сад за матење и додајте 300 мл вода.
  • Изматете ја во цврст шлаг.
  • Маргаринот исечете го на мали коцки и додајте го садот со изладениот пудинг.
  • Изматете со миксер за да се соединат и постепено додавајте половина од изматената шлаг пена.
  • Земете една бисквита и потопете ја во сокот од праски.
  • Ставете ја во тава.
  • Постапката повторете ја и со преостанатите бисквитии наредете еден ред во тавата.
  • Врзнив ставете половина од филот со пудинзите и додајте ги сечканите праски.
  • Наредете друг ред бисквити претходно натопени во сок од праски.
  • Додајте го преостанатиот фил и наредете ги парчињата банана.
  • Врз нив ставете го третиот ред со бисквити,исто претходно натопени во сок.
  • Тортата премачкајте ја со преостанатата шлаг пена и ставете ја во фрижидер за да се стегне преку ноќ.
  • Изладената посна овошна торта исечете ја на коцки,декорирајте ја со кокос, калинки и нане.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 1 кг посни бисквити
  • 1 поголема конзерва праски (820 г) од Витаминка
  • 2 пудинзи од ванила од Витаминка
  • 900 мл вода
  • 3 лажици шеќер
  • 125 г маргарин
  • 300 г поснашлаг пена
  • 2 банани
  • кокос од Витаминка, калинки и нане за декорација.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг