Во тенџере на оган ставете 500 мл вода да се вари.
Пудинзите измешајте ги со шеќерот и додајте 100 мл вода.
Измешајте за да се растопи шеќерот.
Во зовриената вода додајте ги пудинзите,мешајте со жица за матење и варете 2-3минути.
Кремот тргнете го од огнот и оставете го да се излади.
Праските исечкајте ги на мали коцки, а сокот ставете го во чинија.
Бананите исечкајте ги на кругови.
Шлаг пената ставете ја во сад за матење и додајте 300 мл вода.
Изматете ја во цврст шлаг.
Маргаринот исечете го на мали коцки и додајте го садот со изладениот пудинг.
Изматете со миксер за да се соединат и постепено додавајте половина од изматената шлаг пена.
Земете една бисквита и потопете ја во сокот од праски.
Ставете ја во тава.
Постапката повторете ја и со преостанатите бисквитии наредете еден ред во тавата.
Врзнив ставете половина од филот со пудинзите и додајте ги сечканите праски.
Наредете друг ред бисквити претходно натопени во сок од праски.
Додајте го преостанатиот фил и наредете ги парчињата банана.
Врз нив ставете го третиот ред со бисквити,исто претходно натопени во сок.
Тортата премачкајте ја со преостанатата шлаг пена и ставете ја во фрижидер за да се стегне преку ноќ.
Изладената посна овошна торта исечете ја на коцки,декорирајте ја со кокос, калинки и нане.
Уживајте во светот на вкусовите!