Посна овошна торта без печење
Совет плус: Ако количината сок од праски е мала, додајте малку вода.
Чекори на подготовка
- Во тенџере на оган ставете 500 мл вода да се вари.
- Пудинзите измешајте ги со шеќерот и додајте 100 мл вода.
- Измешајте за да се растопи шеќерот.
- Во зовриената вода додајте ги пудинзите,мешајте со жица за матење и варете 2-3минути.
- Кремот тргнете го од огнот и оставете го да се излади.
- Праските исечкајте ги на мали коцки, а сокот ставете го во чинија.
- Бананите исечкајте ги на кругови.
- Шлаг пената ставете ја во сад за матење и додајте 300 мл вода.
- Изматете ја во цврст шлаг.
- Маргаринот исечете го на мали коцки и додајте го садот со изладениот пудинг.
- Изматете со миксер за да се соединат и постепено додавајте половина од изматената шлаг пена.
- Земете една бисквита и потопете ја во сокот од праски.
- Ставете ја во тава.
- Постапката повторете ја и со преостанатите бисквитии наредете еден ред во тавата.
- Врзнив ставете половина од филот со пудинзите и додајте ги сечканите праски.
- Наредете друг ред бисквити претходно натопени во сок од праски.
- Додајте го преостанатиот фил и наредете ги парчињата банана.
- Врз нив ставете го третиот ред со бисквити,исто претходно натопени во сок.
- Тортата премачкајте ја со преостанатата шлаг пена и ставете ја во фрижидер за да се стегне преку ноќ.
- Изладената посна овошна торта исечете ја на коцки,декорирајте ја со кокос, калинки и нане.
- Уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 1 кг посни бисквити
- 1 поголема конзерва праски (820 г) од Витаминка
- 2 пудинзи од ванила од Витаминка
- 900 мл вода
- 3 лажици шеќер
- 125 г маргарин
- 300 г поснашлаг пена
- 2 банани
- кокос од Витаминка, калинки и нане за декорација.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments