Посна сарма за слави и секој ден

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: ручек
Тип: посно
Teжина: средно
Време: над 60 мин.

Посна сарма за слави и секој ден

Tastify
подготовка 45 minutes
готвење 3 hours
порции 4

Чекори на подготовка
 

  • Оризот измијте го и пржете го со маслото 10минути со мешање.
  • Додајте ги зачините и убаво измешајте.
  • Во тенџерето во кое ќе ја варите сармата,на дното распредете исечкани парчиња од неколку листови (или парчиња кои ќе ги исечете од лисјата при нивната припрема пред виткањето), па над нив редете ги сармите.
  • Ова ќе спречи сармата да зафати за тенџерето при варењето.
  • Од зелката земајте лист по лист, по потреба отстранувајте го среднишниот подебел дел на листот и виткајте сарми.
  • На отворениот лист ставајте по 1 лажица од припремениот ориз и лесно виткајте ролничка, за да не биде престегната и да има простор оризот да се вари, а сармата да се оформи.
  • Сармите наредете ги едно до друго да се блискуи стиснати меѓу себе, па додајте ја водата.
  • Варењето започнете го со 2 литри вода, а по потреба додајте дополнително.
  • За подобро варење, сармите поклопете ги со потешка чинија или кујнски камен.
  • Варете 2,5 до 3 часа на тивок оган, а потоа по желба, потпечете ги сармите со отворен капак уште 15 минути на 250 степени.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 1 помала кисела зелка

За фил:

  • 1 и 1/2 чаша бел ориз
  • 100-150 мл Брилијант масло за пржење на оризот
  • 1 полна лажица буковска пипер (по желба лута од Витаминка)
  • 1 лажица мешан зачин Дафинка
  • 1 лажица сол, или по вкус
  • 1 лажица оригано од Витаминка.

По желба за згуснување при крајот од варењето:

  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица црвена или буковска пипер
  • 150 мл вода за мешање.
  • *2 до 2,5 л вода за варење на сармата.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг