Оризот измијте го и пржете го со маслото 10минути со мешање.
Додајте ги зачините и убаво измешајте.
Во тенџерето во кое ќе ја варите сармата,на дното распредете исечкани парчиња од неколку листови (или парчиња кои ќе ги исечете од лисјата при нивната припрема пред виткањето), па над нив редете ги сармите.
Ова ќе спречи сармата да зафати за тенџерето при варењето.
Од зелката земајте лист по лист, по потреба отстранувајте го среднишниот подебел дел на листот и виткајте сарми.
На отворениот лист ставајте по 1 лажица од припремениот ориз и лесно виткајте ролничка, за да не биде престегната и да има простор оризот да се вари, а сармата да се оформи.
Сармите наредете ги едно до друго да се блискуи стиснати меѓу себе, па додајте ја водата.
Варењето започнете го со 2 литри вода, а по потреба додајте дополнително.
За подобро варење, сармите поклопете ги со потешка чинија или кујнски камен.
Варете 2,5 до 3 часа на тивок оган, а потоа по желба, потпечете ги сармите со отворен капак уште 15 минути на 250 степени.
Уживајте во светот на вкусовите!