Посни колачи во чаша со кокос и лешници
Чекори на подготовка
- Во тенџере на оган ставете 1 литар вода да се вари.
- Прашокот за пудинг, брашното и 6 лажици шеќер ставете ги во длабок сад и измешајте ги.
- Додајте 200 мл вода.
- Во зовриената вода ставете ја смесата со пудингот и варете 2-3 минути додека кремот се згусти.
- Тенџерето тргнете го од огнот и оставете пудингот да се излади.
- Мелените бисквити ставете ги во длабок сад.
- Додајте 125 г растопен маргарин и измешајте.
- Потоа додајте го сокот од портокал и измешајте добро.
- Кокосовото млеко ставете го во сад за матење и додајте го шеќерот во прав.
- Изматете со миксер 2-3 минути.
- Во изладениот пудинг додајте го маргаринот и изматете со миксер за да се соединат.
- Потоа постепено додавајте од кокосовото млеко и продолжете со матењето.
- Кремот поделете го на два дела.
- Во едниот дел додајте кокос, а во другиот потпечени мелени лешници.
- Во чаши ставете од смесата со бисквити и нежно притиснете со лажица.
- Потоа ставете од кремот со кокос и израмнете.
- Додајте го третиот слој – кремот со лешници.
- Шлаг пената ставете ја во сад за матење и додајте ја газираната вода.
- Изматете со миксер додека се згусти.
- Со помош на готварски шприц декорирајте ги колачите во чаша и украсете ги со овошје.
- Уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 300 г мелени посни бисквити
- 125 г маргарин
- 120 мл сок од портокал
За крем:
- 2 ќесички прашок за пудинг од ванила
- 3 лажици брашно
- 1,2 л вода
- 6 лажици шеќер
- 125 г маргарин
- 400 мл кокосово млеко
- 100 г шеќер во прав
- 50 г кокос од Витаминка
- 50 г потпечени мелени лешници.
За декорација:
- 100 г посна шлаг пена
- 250 мл газирана вода
- овошје по избор: калинки, киви…
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments