Во тенџере на оган ставете 1 литар вода да се вари.
Прашокот за пудинг, брашното и 6 лажици шеќер ставете ги во длабок сад и измешајте ги.
Додајте 200 мл вода.
Во зовриената вода ставете ја смесата со пудингот и варете 2-3 минути додека кремот се згусти.
Тенџерето тргнете го од огнот и оставете пудингот да се излади.
Мелените бисквити ставете ги во длабок сад.
Додајте 125 г растопен маргарин и измешајте.
Потоа додајте го сокот од портокал и измешајте добро.
Кокосовото млеко ставете го во сад за матење и додајте го шеќерот во прав.
Изматете со миксер 2-3 минути.
Во изладениот пудинг додајте го маргаринот и изматете со миксер за да се соединат.
Потоа постепено додавајте од кокосовото млеко и продолжете со матењето.
Кремот поделете го на два дела.
Во едниот дел додајте кокос, а во другиот потпечени мелени лешници.
Во чаши ставете од смесата со бисквити и нежно притиснете со лажица.
Потоа ставете од кремот со кокос и израмнете.
Додајте го третиот слој – кремот со лешници.
Шлаг пената ставете ја во сад за матење и додајте ја газираната вода.
Изматете со миксер додека се згусти.
Со помош на готварски шприц декорирајте ги колачите во чаша и украсете ги со овошје.
Уживајте во светот на вкусовите!