Посни колачи во чаша со кокос и лешници

by | Мај 12, 2023 | 0 comments

 

Дел од денот: вечера
Тип: посно
Teжина: лесно
Време: 30 - 60 мин.

Посни колачи во чаша со кокос и лешници

Tastify
подготовка 40 minutes
порции 4 чаши

Чекори на подготовка
 

  • Во тенџере на оган ставете 1 литар вода да се вари.
  • Прашокот за пудинг, брашното и 6 лажици шеќер ставете ги во длабок сад и измешајте ги.
  • Додајте 200 мл вода.
  • Во зовриената вода ставете ја смесата со пудингот и варете 2-3 минути додека кремот се згусти.
  • Тенџерето тргнете го од огнот и оставете пудингот да се излади.
  • Мелените бисквити ставете ги во длабок сад.
  • Додајте 125 г растопен маргарин и измешајте.
  • Потоа додајте го сокот од портокал и измешајте добро.
  • Кокосовото млеко ставете го во сад за матење и додајте го шеќерот во прав.
  • Изматете со миксер 2-3 минути.
  • Во изладениот пудинг додајте го маргаринот и изматете со миксер за да се соединат.
  • Потоа постепено додавајте од кокосовото млеко и продолжете со матењето.
  • Кремот поделете го на два дела.
  • Во едниот дел додајте кокос, а во другиот потпечени мелени лешници.
  • Во чаши ставете од смесата со бисквити и нежно притиснете со лажица.
  • Потоа ставете од кремот со кокос и израмнете.
  • Додајте го третиот слој – кремот со лешници.
  • Шлаг пената ставете ја во сад за матење и додајте ја газираната вода.
  • Изматете со миксер додека се згусти.
  • Со помош на готварски шприц декорирајте ги колачите во чаша и украсете ги со овошје.
  • Уживајте во светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 300 г мелени посни бисквити
  • 125 г маргарин
  • 120 мл сок од портокал

За крем:

  • 2 ќесички прашок за пудинг од ванила
  • 3 лажици брашно
  • 1,2 л вода
  • 6 лажици шеќер
  • 125 г маргарин
  • 400 мл кокосово млеко
  • 100 г шеќер во прав
  • 50 г кокос од Витаминка
  • 50 г потпечени мелени лешници.

За декорација:

  • 100 г посна шлаг пена
  • 250 мл газирана вода
  • овошје по избор: калинки, киви…
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг