Пролетна свежа салата со домати и спанаќ
Чекори на подготовка
- Доматите исечкајте ги на мали кругови или четвртинки.
- Краставицата исечете ја на кругови.
- Спанаќот и ливчињата рукола, добро измијте ги и исечкајте ги.
- Спанаќот и руколата додајте ги во садот со доматите и краставицата.
- Кромидотвизлупете го и исечкајте го на кругови и додајте го во садот со зеленчуците.
- По желба може да додадете и маслинки.
- Сите состојки измешајте ги и зачинете со мешавината од зачини, балсамико и масло Брилијант омега 3.
- Готовата свежа салата со домати и спанаќ послужете ја веднаш како прилог за ручек или вечера.
- Уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 5 шери домати
- 1 краставица
- 2-3 чаши млад свеж спанаќ
- 1 главица кромид
- рукола или листови од глуварче по желба
- 1-2 лажици масло Брилијант омега 3 или Brilliant Extra Virgin, ладно цедено маслиново масло
- оцет балсамико
- мешавина од зачини од Витаминка (црн, бел, црвен бибер и крупна морска сол).
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments