Доматите исечкајте ги на мали кругови или четвртинки.
Краставицата исечете ја на кругови.
Спанаќот и ливчињата рукола, добро измијте ги и исечкајте ги.
Спанаќот и руколата додајте ги во садот со доматите и краставицата.
Кромидотвизлупете го и исечкајте го на кругови и додајте го во садот со зеленчуците.
По желба може да додадете и маслинки.
Сите состојки измешајте ги и зачинете со мешавината од зачини, балсамико и масло Брилијант омега 3.
Готовата свежа салата со домати и спанаќ послужете ја веднаш како прилог за ручек или вечера.
Уживајте во светот на вкусовите!