Пржен ориз со пилешко
Чекори на подготовка
- Стекот исечете го на коцки со големина 1,5*1,5 см.
- Во вок или голема нелеплива тава ставете 2 лажици масло да се загрее на умерено висока температура.
- Додајте го пилешкиот стек, зачинете со сол и црн бибер и пропржете го за време од 5-6 минути.
- Стекот извадете го во чинија.
- Во тавата додајте 2 лажици масло.
- Додајте ја златната мешавина и сечканиот млад кромид.
- Пржете ги околу 1-2 минути, а потоа додајте го лукот.
- Продолжете со пржење уште 1 минута.
- Јајцата изматете ги со виљушка.
- Зеленчуците тргнете ги на страна и во средината додајте ги јајцата.
- Мешајте со шпатула, исто како да правите кајгана,но овој пат треба да добиете помали парчиња од јајца.
- Во тавата додајте ги пилешкиот стек, оризот и соја сосот.
- Зачинете со сол и мелен црн бибер.
- Пропржете уште 3 до 4 минути.
- Топлиот пржен ориз со пилешко послужете го со срирача по желба.
- Уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 3 чаши варен ориз со долго зрно (најдобро е да користите басмати)
- 350 г пилешки стек
- 4 лажици Брилијант масло
- 1⅓ чаша замрзната златна мешавина (грашок, морков и пченка)
- 3 страка сечкан млад кромид
- 1-2 чешниња лук
- 2 јајца
- 3 лажици соја сос од Витаминка
- морска сол и мелен црн бибер од Витаминка.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments