Стекот исечете го на коцки со големина 1,5*1,5 см.
Во вок или голема нелеплива тава ставете 2 лажици масло да се загрее на умерено висока температура.
Додајте го пилешкиот стек, зачинете со сол и црн бибер и пропржете го за време од 5-6 минути.
Стекот извадете го во чинија.
Во тавата додајте 2 лажици масло.
Додајте ја златната мешавина и сечканиот млад кромид.
Пржете ги околу 1-2 минути, а потоа додајте го лукот.
Продолжете со пржење уште 1 минута.
Јајцата изматете ги со виљушка.
Зеленчуците тргнете ги на страна и во средината додајте ги јајцата.
Мешајте со шпатула, исто како да правите кајгана,но овој пат треба да добиете помали парчиња од јајца.
Во тавата додајте ги пилешкиот стек, оризот и соја сосот.
Зачинете со сол и мелен црн бибер.
Пропржете уште 3 до 4 минути.
Топлиот пржен ориз со пилешко послужете го со срирача по желба.
Уживајте во светот на вкусовите!