Реден рататуј од сезонски зеленчук
Чекори на подготовка
- Модрите патлиџани, тиквичките, половина од пиперките и кромидот темелно измијте ги и исечете ги на кругови.
- Преостаната половина од пиперките измијте ги и исечкајте ги на стапчиња.
- Во тава на оган, на загреано Брилијант маслиново помас масло кратко запржете ги пиперките и кромидот, па додајте ги пелати доматите или доматното пире.
- Чешнињата лук ситно исечкајти ги и заедно со морската сол, мелениот црниот пипер,ловоровиот лист и мајчината душица додајте ги во тавата.
- Тавата покријте ја и оставете сосот да се готви околу 40 минути на ниска температура.
- Модрите домати, преостанатите пиперки и тиквичките посебно запржете ги на 2 лажици маслиново масло.
- Во тава за печење додајте го доматниот сос и 1 лажица балсамико оцет, а потоа наредете ги модрите патлиџани, пиперките и тиквичките.
- Печете во загреана рерна на 200 степени за време од 15 минути.
- Редениот рататуј украсете го по желба со сечкан млад кромид.
- Уживајтево светот на вкусовите!
Намирници
- 350 г модри патлиџани
- 350 г тиквички
- 350 г црвени пиперки
- 350 г жолти или зелени пиперки
- 500 г пелати или доматно пире
- 350 г црвен кромид
- 3 чешниња лук
- 6 лажици Брилијант маслиново помас масло
- мајчина душица по желба
- ловоров лист
- 1 лажица балсамико оцет
- морска сол и мелен црн пипер од Витаминка по вкус.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!


0 Comments