Реден рататуј од сезонски зеленчук

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: ручек
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: 15 - 30 мин.

Реден рататуј од сезонски зеленчук

Tastify
подготовка 45 minutes
готвење 20 minutes
порции 4

Чекори на подготовка
 

  • Модрите патлиџани, тиквичките, половина од пиперките и кромидот темелно измијте ги и исечете ги на кругови.
  • Преостаната половина од пиперките измијте ги и исечкајте ги на стапчиња.
  • Во тава на оган, на загреано Брилијант маслиново помас масло кратко запржете ги пиперките и кромидот, па додајте ги пелати доматите или доматното пире.
  • Чешнињата лук ситно исечкајти ги и заедно со морската сол, мелениот црниот пипер,ловоровиот лист и мајчината душица додајте ги во тавата.
  • Тавата покријте ја и оставете сосот да се готви околу 40 минути на ниска температура.
  • Модрите домати, преостанатите пиперки и тиквичките посебно запржете ги на 2 лажици маслиново масло.
  • Во тава за печење додајте го доматниот сос и 1 лажица балсамико оцет, а потоа наредете ги модрите патлиџани, пиперките и тиквичките.
  • Печете во загреана рерна на 200 степени за време од 15 минути.
  • Редениот рататуј украсете го по желба со сечкан млад кромид.
  • Уживајтево светот на вкусовите!

Намирници
  

  • 350 г модри патлиџани
  • 350 г тиквички
  • 350 г црвени пиперки
  • 350 г жолти или зелени пиперки
  • 500 г пелати или доматно пире
  • 350 г црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 6 лажици Брилијант маслиново помас масло
  • мајчина душица по желба
  • ловоров лист
  • 1 лажица балсамико оцет
  • морска сол и мелен црн пипер од Витаминка по вкус.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг