Модрите патлиџани, тиквичките, половина од пиперките и кромидот темелно измијте ги и исечете ги на кругови.
Преостаната половина од пиперките измијте ги и исечкајте ги на стапчиња.
Во тава на оган, на загреано Брилијант маслиново помас масло кратко запржете ги пиперките и кромидот, па додајте ги пелати доматите или доматното пире.
Чешнињата лук ситно исечкајти ги и заедно со морската сол, мелениот црниот пипер,ловоровиот лист и мајчината душица додајте ги во тавата.
Тавата покријте ја и оставете сосот да се готви околу 40 минути на ниска температура.
Модрите домати, преостанатите пиперки и тиквичките посебно запржете ги на 2 лажици маслиново масло.
Во тава за печење додајте го доматниот сос и 1 лажица балсамико оцет, а потоа наредете ги модрите патлиџани, пиперките и тиквичките.
Печете во загреана рерна на 200 степени за време од 15 минути.
Редениот рататуј украсете го по желба со сечкан млад кромид.
Уживајтево светот на вкусовите!