Сарма со месо на најлесен начин

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

 

Дел од денот: ручек
Тип: останато
Teжина: средно
Време: 30 - 60 мин.

Сарма со месо на најлесен начин

Tastify
подготовка 2 hours
готвење 3 hours
порции 4

Чекори на подготовка
 

  • Од киселата зелка внимателно извадете ги лисјата.
  • Потребни ви се само меките делови од лисјата, за да може лесно да ги виткате сармите.
  • По потреба, поделете ги листовите според големината на сармите што сакате да ги направите.
  • Штом завршите со припремата на зелката,започнете со припрема на филот.
  • Кромидот излупете го, измијте го и исечкајте го најситно што можете.
  • Потоа,во поголем сад, измешајте го со меленото месо.
  • Додајте го оризот, ситната црвена пипер, црниот пипер, ориганото, мешаниот зачин и маслото за готвење.
  • Добро измешајте за смесата да се соедини.
  • Следно припремете го тенџерето.
  • Од листовите со кои нема да виткате сарми,направете подлога.
  • Ситно исечкајте ги и убаво покријте го дното на тенџерето.
  • Во секој лист ставете од филот и завиткајте ги сармите.
  • Големината на сармите и според тоа, количината на филот, слободно одредете ја по ваша желба.
  • Препорачливо е, тенџерето во кое ги ставате сармите,да биде наредено со сармите една до една, за да не се растураат.
  • Најдобро редете ги во еден ред, а можете и во два,доколку сармичките се помали.
  • Кога сте готови со виткањето на сармите,припремете ја течноста за варење.
  • Количината на течноста, односно ладната вода во која ќе измешате брашното и црвената пипер, треба да биде доволна за да ја прекрие горната површина на сармите.
  • Добро измешаната течност, распоредете ја со лажица низ целата површина.
  • На крај, за да избегнете растурање на сармите, поклопете ги со чинија и затворете ги со капак.
  • Оставете ја сармата да зоврие на силен оган, а потоа варете ја на тивок оган околу 2,5 - 3 часа.
  • Ќе биде фантастично вкусна, сочна и мека за јадење.
  • По желба на крајот може да ја потпечете во рерна малку, колку за изглед.
  • На здравје!

Намирници
  

  • листови од една средно голема кисела зелка

За фил:

  • 500 г телешко мелено месо (може и меленомесо мешано со свинско)
  • 1 помала главица кромид
  • 200 г ориз
  • 1 полна лажица ситна црвена пипер
  • 1 лажичка мелен црн пипер од Витаминка
  • 1 лажичка оригано
  • 1 и 1/2 лажица Дафинка мешан зачин од Витаминка
  • 70 мл Брилијант масло од Витаминка

Течност за варење:

  • ладна вода по потреба
  • 1 лажица брашно
  • 1/2 лажица црвен пипер.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг