Турте за прво запче – традиционален семеен рецепт

by | Ное 2, 2022 | 0 comments

Дел од денот: доручек
Тип: останато
Teжина: лесно
Време: над 60 мин.

Турте за прво запче – традиционален семеен рецепт

Tastify
подготовка 30 minutes
готвење 1 hour
порции 8 парчиња

Чекори на подготовка
 

  • Во поголем сад за месење, изматете ги со виљушка прво јајцата, а потоа додајте ги млекото и Брилијант маслото.
  • Кората од лимонот измијте ја и изрендајте ја,а по желба пред да ја рендате, оставете го лимонот да отстои најмалку 30 минути во 200 мл вода со 1 лажиче сода бикарбона.
  • Потоа,додајте ја во садот со течните состојки.
  • Во друг сад, измешајте ги брашното со содата бикарбона, прашокот за печиво, шеќерот и ванилиниот шеќер.
  • Потоа,во садот со сувите состојки постепено додавајте ја смесата со јајцата и мешајте.
  • Почнете да мешате со лажица додека се оформи топче од тесто, а потоа со раце, месете го тестото 10 минути или повеќе, за убаво да се соедини.
  • Рерната загрејте ја на 180 степени.
  • Во меѓувреме, тавата (или калап 24 см) намрсете ја со масло.
  • Не е грешка ако го печете во поголема тава или калап, само да знаете дека ќе варира висината на туртето и соодветно ќе мора да се намали времето за печење ако е во поголема тава, а пониско.
  • Ова е важна насока од подготовката, затоа што ако не го запазете добро печењето,може да не се допече убаво внатрешноста и средината да остане повлажна од краевите.
  • Измесеното тесто за турте, ставете го во тавата и декорирајте го по желба.
  • Најлесно и традиционално декорирање на кое се сеќаваме, е со шарени чоколадни бонбони.
  • Така припременото турте, ставете го во загреаната рерна и намалете ја температурата на 160 степени.
  • Печете 45 минути до 1 час, зависно од рерната.
  • Проверете со дрвена чепкалка дали внатрешноста е печена и туртето е спремно.
  • Уживајте во светот на вкусовите, ви посакуваме здрави, силни и бели запчиња на вашите најмили!

Намирници
  

  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша Брилијант масло
  • 2 јајца
  • рендана кора од 1 лимон
  • 1 ½ чаша шеќер
  • 1 лажиче сода бикарбона од Витаминка
  • 1 ќесичка прашок за печиво од Витаминка
  • 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
  • 1 кг брашно.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рејтинг