Во поголем сад за месење, изматете ги со виљушка прво јајцата, а потоа додајте ги млекото и Брилијант маслото.
Кората од лимонот измијте ја и изрендајте ја,а по желба пред да ја рендате, оставете го лимонот да отстои најмалку 30 минути во 200 мл вода со 1 лажиче сода бикарбона.
Потоа,додајте ја во садот со течните состојки.
Во друг сад, измешајте ги брашното со содата бикарбона, прашокот за печиво, шеќерот и ванилиниот шеќер.
Потоа,во садот со сувите состојки постепено додавајте ја смесата со јајцата и мешајте.
Почнете да мешате со лажица додека се оформи топче од тесто, а потоа со раце, месете го тестото 10 минути или повеќе, за убаво да се соедини.
Рерната загрејте ја на 180 степени.
Во меѓувреме, тавата (или калап 24 см) намрсете ја со масло.
Не е грешка ако го печете во поголема тава или калап, само да знаете дека ќе варира висината на туртето и соодветно ќе мора да се намали времето за печење ако е во поголема тава, а пониско.
Ова е важна насока од подготовката, затоа што ако не го запазете добро печењето,може да не се допече убаво внатрешноста и средината да остане повлажна од краевите.
Измесеното тесто за турте, ставете го во тавата и декорирајте го по желба.
Најлесно и традиционално декорирање на кое се сеќаваме, е со шарени чоколадни бонбони.
Така припременото турте, ставете го во загреаната рерна и намалете ја температурата на 160 степени.
Печете 45 минути до 1 час, зависно од рерната.
Проверете со дрвена чепкалка дали внатрешноста е печена и туртето е спремно.
Уживајте во светот на вкусовите, ви посакуваме здрави, силни и бели запчиња на вашите најмили!