Веге бургери со тиквичка
Чекори на подготовка
- Тиквичките изрендајте ги на крупната страна од рендето.
- Ставете ги во длабок сад и посолете ги.
- Оставете ги 15 минути.
- Потоа добро исцедете ги.
- Во садот со тиквичките додајте ги јајцата и сенфот.
- Измешајте ги и додајте ги пченкарното, интегралното брашно, прашокот за пециво, лукот во прав и мешаниот зачин.
- Добро измешајте и зачинете со сол и мелен црн бибер по вкус.
- На крај додајте ситно сечкан копар, нане или свеж магдонос по избор.
- Вонелеплива тава на оган, на умерено високатемпература ставете 3-4 лажици масло дасе загрее.
- Во загреаното масло со помош на поголема лажица или црпалка ставете од смесата и формирајте плескавица.
- Плескавицитепржете ги по 1-2 минути од двете страни,додека поруменат.
- Пржените плескавици извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
- Во длабок сад ставете ги состојките за сосот и добро измешајте.
- Лепчињата за сендвичи пресечете ги на половина и потпечете ги на тостер.
- Врз едната половина на лепчето ставете по 1 лажица од сосот, зелена салата, 1-2 веге плескавици, парче кромид и домат.
- Ставете ја втората половина од лепчето.
- Постапката повторете ја со сите лепчиња.
- Послужетеи уживајте во светот на вкусовите!
Намирници
- 4 лепчињаза сендвичи
- 4 листовизелена салата
- 1 домат
- 1 главица црвен кромид
Завеге плескавици од тиквичка (12-14плескавици):
- 2 тиквички
- 2 јајца
- 1 лажица сенф од Витаминка
- 3 лажици пченкарно брашно
- 5 лажици интегрално брашно
- ½ лажичка лук во прав или 2 чешниња свеж лук
- ½ ќесичка прашок за пециво од Витаминка
- 1 лажица мешан зачин Дафинка
- сол и мелен црн бибер по вкус
- копар,нане или свеж магдонос по избор
- Брилијантмаслиново помас масло за пржење.
За сос:
- 4 лажици Витанез мајонез
- 1 лажица кечап
- 1 лажица сенф
- ½ лажичка кромид во прав
- ½ лажичка лук во прав
- ½ лажичка црвена пипер
- ½ лажичка шеќер
- прстофатсол
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
Прекрасен