Тиквичките изрендајте ги на крупната страна од рендето.
Ставете ги во длабок сад и посолете ги.
Оставете ги 15 минути.
Потоа добро исцедете ги.
Во садот со тиквичките додајте ги јајцата и сенфот.
Измешајте ги и додајте ги пченкарното, интегралното брашно, прашокот за пециво, лукот во прав и мешаниот зачин.
Добро измешајте и зачинете со сол и мелен црн бибер по вкус.
На крај додајте ситно сечкан копар, нане или свеж магдонос по избор.
Вонелеплива тава на оган, на умерено високатемпература ставете 3-4 лажици масло дасе загрее.
Во загреаното масло со помош на поголема лажица или црпалка ставете од смесата и формирајте плескавица.
Плескавицитепржете ги по 1-2 минути од двете страни,додека поруменат.
Пржените плескавици извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
Во длабок сад ставете ги состојките за сосот и добро измешајте.
Лепчињата за сендвичи пресечете ги на половина и потпечете ги на тостер.
Врз едната половина на лепчето ставете по 1 лажица од сосот, зелена салата, 1-2 веге плескавици, парче кромид и домат.
Ставете ја втората половина од лепчето.
Постапката повторете ја со сите лепчиња.
Послужетеи уживајте во светот на вкусовите!