Вегетаријански ќофтиња од праз и компир во тавче
Чекори на подготовка
- Компирот измијте го, излупете го и ставете го да се вари.
- Во меѓувреме исчистете го празот и ситно исечкајте го.
- Користетего само белиот дел од него. За да си ја олесните работата, по желба може да користите кујнски сечко.
- Во сад за готвење загрејте ги петте лажици масло и додајте го сечканиот праз.
- Додајтеполовина лажичка сол и кратко пропржетена средна температура со постојаномешање.
- Потоа додајте малку вода и динстувајте додека празот целосно омекне.
- Омекнатиотпраз оставете го да се излади.
- Варениот компир изгмечете го со виљушка како пире и во него додајте ги празот, јајцето,лебните трошки, црниот бибер и мешаниот сув зачин по вкус.
- По потреба додајте исол.
- Смесата добро измешајте ја и распоредете ја на набрашнета работна површина.
- Со помош на рацете обликувајте ќофтиња со големина по желба.
- Ќофтињата пржете ги на малку загреано масло од двете страни додека поруменат.
- Празпослужете ги додека се топли. На здравје!
Намирници
- 2 страка праз
- 1 средно голем компир
- 5 лажици Брилијант масло
- сол и црн бибер по вкус
- мешансув зачин Дафинка по вкус
- 1 јајце
- 50 мл вода
- 2 лажици лебни трошки
- брашно по потреба
- масло за пржење по потреба.
Го пробавте рецептот?Кажете ни како Ви се допадна!
0 Comments