Компирот измијте го, излупете го и ставете го да се вари.
Во меѓувреме исчистете го празот и ситно исечкајте го.
Користетего само белиот дел од него. За да си ја олесните работата, по желба може да користите кујнски сечко.
Во сад за готвење загрејте ги петте лажици масло и додајте го сечканиот праз.
Додајтеполовина лажичка сол и кратко пропржетена средна температура со постојаномешање.
Потоа додајте малку вода и динстувајте додека празот целосно омекне.
Омекнатиотпраз оставете го да се излади.
Варениот компир изгмечете го со виљушка како пире и во него додајте ги празот, јајцето,лебните трошки, црниот бибер и мешаниот сув зачин по вкус.
По потреба додајте исол.
Смесата добро измешајте ја и распоредете ја на набрашнета работна површина.
Со помош на рацете обликувајте ќофтиња со големина по желба.
Ќофтињата пржете ги на малку загреано масло од двете страни додека поруменат.
Празпослужете ги додека се топли. На здравје!